Винскиот воз кој ќе Ви ги открие највозбудливите тајни на долината Напа

Винските тури низ долината Напа го направија пиењето во јавен превоз најдоброто нешто што можете да го направите за време на вашето неделно попладне.
По железничката линија во Северна Калифорнија, која била изградена во 1864 година, сега сообраќа вински воз кој тргнува од Долината Напа оди до Света Елена и назад, носејќи ги патниците на едно превкусно патување до познати винарски визби притоа послужувајќи ги со гурмански оброци за време на патувањето.
Патниците можат да се дотеруваат за тематските вечери „Murder Mystery”, да го посетат замокот и винарија „Castello di Amorosa” на турата „The Castle Winery”, или да ја импресионираат партнерката со пакетот „Romance on the Rails”.
Компанијата има повеќе од десетина различни тури, од кои секоја почнува со чаша вино или шампањ и продолжува со многу вкусна храна и пијалаци.

3
Винарските опции се движат од патување до една винарија или неколку – вклучувајќи ги лозовите насади „Рејмонд“, винаријата Берингер и винаријата Роберт Мондави, додека приватните „Meet the Maker” (Запознај го производителот) патувања вклучуваат посета на локални производители на вино кои ќе ве однесат на четиричасовна винска авантура.

Компанијата користи железнички вагони кои се реновирани, но задржан е нивниот шарм од почетокот на 20-от век, а биле изградени за да ги покажат прекрасните природни пејзажи на Калифорнија.

Вагонот „Vista Dome” има извонредно спектакуларен поглед и бил една од првите 10 долги вагони изградени во тоа време.

2

Возот има три кујни, а десетици готвачи го подготвуваат секој гурмански оброк. Патувањата обично траат помеѓу три и шест часа, и започнуваат со 146 долари по човек за патување на „Gourmet Express”.

Очекувано, турите не се баш ефтини, но дефинитивно плаќате за искуството, а поскапите патувања вклучуваат влез и дегустации на вино во винариите што ги посетувате. Возовите возат секој ден, а различните распореди можете да ги најдете на веб-страницата на „Explore Napa Valley by Train”.