Винарија Венец

На југот од ридестиот Балкан, каде сонцето ги истура своите зраци, а господ ја благославил почвата со слад и милост, тоа е нашето Кавадарци.

Корените на винаријата влечат од 1956 година од постанокот на ЗЗ Венец која на просторот од 600ха засадува со винова лоза од околу 350 џа на надморска височина од 250 до 500 метри. Во прво време грозјето е продавано на други винарии но во 2016 година гради вински подрум со сегашниот капацитет од околу 150.000 литри.

Се произведуваат вината Смедеревка, Темјаника, Шардоне, Ризлинг и Вранец.

Тенденција е да се проширува во иднина за што постојат објективни услови

И бидете наш пријател, засекогаш !!!