На југот од ридестиот Балкан, каде сонцето ги истура своите зраци, а господ ја благославил почвата со слад и милост, тоа е нашето Кавадарци.
Во предградието на Кавадарци, близу Градскиот стадион се наоѓа Винаријата Илиеви. Семејната традиција на производство на вино датира од 19-ти век но истата е во прекин од 1913-2006 година. Во 2006 година е регистрирана сегашната винарија со капацитет од 70.000 литри, но со времето истата стално се проширува до сегашните 100.000 литри. Нема сопствени насади, а винското грозје го купуваат на пазарот во Тиквешијата, првенствено во Ресавскиот крај. Од белите сорти преовладува Смедеревката и Шардонето, од црвените Вранецот и Мерлото, а во последните години се произведува Станушина како ваза за розе вино. Вината се пласираат исклучително на домашниот пазар.
И бидете наш пријател, засекогаш !!!