По сите најави, годинашното издание на винскиот салон, Винодонија 2017, кое овој петок и сабота, 1 и 2 декември ќе се оддржи во хотел Мериот во Скопје, дефинитивно ќе биде еден од најзначајните вински настани годинава. А така голем настан не може да помине без присуство на најголемиот производител на винско грозје во Македонија, и на Балканот воопшто, винарската визба Милеви „Гоце Делчев – Тиквеш“.
Покрај со високо квалитетното грозје со кое ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ стана препознатлив партнер на винариите од земјата и регионот, инвестирањето во производството на вино во последните неколку години и даде нова димензија на винаријата која денес има два супер бренда, Суво Горско и Вирго.
Барани насекаде, особено во хореката, вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ ќе бидат предмет на дегустација и на сите посетители на Винодонија, кои ќе имаат ексклузивна можност да пробаат дел од специјалните едиции, но и да се запознаат со плановите на компанијата која најавува уште две нови вина кои на пазарот би се појавиле наскоро.