Празничната промоција на исклучителното „Фиано“ од брендот Вирго на винаријата „Гоце Делчев – Тиквеш“ продолжува. Виното кое беше апсолутен хит на винскиот настан број еден минатата година, Винодонија 2017, на огромно задоволство на сите вљубеници во виното може да се купи во винотеката на винарската визба Милев „Гоце Делчев – Тиквеш“, лоцирана на улицата „Шишка“ бр. 2.
„Фиано“ се прави од истоимената високо квалитетна бела винска сорта на грозје, која е карактеристична пред се за италијанскиот регион Кампања. Виното се карактеризира со текстура на мед и цветови, и вкус на зачини и тропски овошни вкусови, како ананас.
„Фианото“ е само прво од трите нови вина кои ќе ја надополнат винската понуда на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“. Останатите два нови адути на најбрзо растечката македонска винарија се и специјалната едиција на „Траминер“ и „Совињон Бланк“ кои наскоро ќе и бидат промовирани на јавноста.