Шест прекрасни градови во кои можете да пиете ефтино врвно вино

Светот крие премногу прекрасни места кои освен природните убавини можат да Ви понудат достапни цени, особено ако сакате да уживате во животот. Па, ако веќе сте решиле да избегате од реалноста, барем на еден месец, ова се градовите во кои можете да уживате по достапни цени и да пиете одлични вина за само 240 денари.
Ако ја преферирате Шпанија, тогаш ќе уживате во Аликанте. Во овој прекрасен град можете да изнајмите соба за $550 месечно и ќе можете да си дозволите квалитетно шише вино за само $5. Јавниот транспорт чини $40 месечно, а минималната плата во Шпанија е $5.82 од час.

alikante

Доколку сакате да започнете бизнис и добро да заработувате градот Мендоза во Аргентина е вистинското место за тоа. Во Мендоза има силна економија и добар стандард. Можете да изнајмите соба за $380 месечно. Добро шише вино чини $4. Минималната плата во Аргентина е $8.35 од час.

mendoza

Бали е бисерот на Индонезија кој нуди добар ноќен живот и многу евтини цени. Соба во центарот на градот може да изнајмите за $300, а шише одлично вино чини $12.

bali

Тајланд е се почесто во фокусот на македонските туристи. Градот Чианг Маи ќе Ви понуди одлична клима и богата култура. Сместувањето за еден месец ќе ве чини $250, а едно шише вино $13.

cang mai
Освен што е даночен рај, Белизе е и вистински рај за сите кои знаат да го живеат животот. Градот Корозал е познат по јогата, убавите плажи, и рестораните со вкусна храна. Едномесечната кирија за соба ќе Ве чини $190, а шише вино $12.

 

korozal
Мексиканскиот Пуерто Ваљарта нуди природна, живописна убавина. Романтичен град во кој се живее одлично, но има проблем со туризмот. За еден месец поминат во овој град ќе потрошите $450 за сместување, а за едно шише вино ќе Ви бидат потребни $7.50.

puerto valjerta