Винаријата постои од 2001 година, како резултат на долгогодипната љубов на нејзиниот сопственик и се наоѓа во с.Сопот, во близина на Кавадарци. Има 45 хектари винови насади во сопственост одгледувани по највисоки стандарди. Годишното производство на вино е околу 400.000 шишиња со обезбедување на потполна контрола на квалитетот во сите стадиуми на производниот процес. Вината се продаваат на домашниот и странски пазар во повеќе европски и североамерикански земји.
Покрај производството на вино се негува и винскиот туризам пто и дава посебен печат на винаријата.
Бели вина: Шардоне, Совињон бланк, Темјаника, Жилавка, Домеин Вршник и Пинот Грис.
Црвени вина: Мерлот, Каберне Совињон, Сирах, Каберне Франк, Пино Ноар и Вранец.
Розе вина: ОД Пинот Ноар и Попов розе.
Барик вина: Вранец Резерве, Мерлот Резерве, Каберне Совињон Резерве, Пинот Ноар Резерве, Гранд Куве, Шардоне, Темјаника, Вранец-Каерне Совињон.