Бордо го доби својот „Град на виното“

Во Бордо деновиве се отвори нов современ музеј посветен на една од врвните француски уметности – виното.
„The City of Wine“ е мешавина од музеј и забавен парк за возрасните. Местото воодушевува и со својата архитектура и ентериер, како и со понудата на вино и информациите за производството на вино во местото што важи за светски центар за производството на квалитетно вино.

2
Објектот има скулптурна, поетична форма, која потсетува на моментот кога виното се слева во винската чаша. Проектот го изработи француското архитектонско студио „XTU“ во соработка со британското студио за изведба на музеи „Casson Mann“. Музејот е изведен како флуидна кула од стакло, која го менува својот лик во различни делови од денот.

3
Ентериерот е еднакво импресивен. Уреден во современ стил, поделен на изложбен дел, сали за проекции, па дури и простор за детска игра. Изведен е со светли бои и топло дрво, кои внесуваат доза природен шарм во просторот. Секоја просторија е посебна по она што е изложено во неа, од информативни до интерактивни елементи, кои ја раскажуваат приказната за француските вина.

5
Музејот има и дел каде што се симулира возење низ вода со брод, тури до винариите, дел за пробување на вината. Со други зборови, одличен простор да се нурнете во француската винарска традиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *