Најлесни начини за отворање вино без отворач

Многупати сме се нашле во ситуација да сакаме да отвориме вино, но при рака немаме отворач. За да не се мачите нареден пат да наоѓате решенија, ви нудиме три лесни начини за отворање вино со секојдневни предмети.

Првиот начин е со четка за заби. Свртете ја од обратната страна и туркајте ја тапата надолу со цел да пропадне во виното. На овој начин нема да ја дупнете тапата, туку само ќе ја протнете внатре во шишето.

Вториот начин е со клешти и шајка. Ставете завртка во тапата повеќе од половина, а потоа со клештите влечете нагоре.

И третиот начин е исто така со шајки и чекан. Значи само ставете две шајки во тапата, а потоа влечете со оној дел на чеканот кој е наменет за влечење на шајки и тапата ќе излезе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *