Виното како глобален бизнис, но и како страст

Со еден од најценетите светски винари, сопственикот на огромнa италијанскa винска империја, чие семејство се занимава со вино уште од 14-от век, разговаравме во Фиренца

Само што ни наточија шампањско, на маркизот Антинори му заѕвони мобилниот телефон. Погледна во бројот и веднаш реши да се јави. Од другата страна беше Тед, директорот на бизнисот на Анторини во државата Вашингтон. „Не треба да се нервираме, но никогаш не се знае, ако дојде нова управа можеби ќе воведе нова стратегија спрема нас“, го заврши деловниот разговор Антинори. Потоа со Тед разговараа за бербата во Тоскана, која штотуку започна, и за бербата во Америка, која ќе причека уште малку.

Ste. Michele замокот „ Извинете, ама морав да одговорам на повиков“, вели Антинори. „Имено, како што знаете, ние во Вашингтон имаме заеднички бизнис со винаријата Chateau St. Michelle. Chateau St. Michelle со децении беше во сопственост на U.S. Tobacco, кој воопшто не се мешаше во работењето на винаријата. Меѓутоа, се чини дека Philip Morris деновиве го презема U.S. Tobacco, што значи дека Marlboro ќе стане наш косопственик. И тогаш навистина не знаеш како ќе се постави новиот сопственик, и што ќе сака од виното.“ Marlboro косопственик на дел од винската империја на Антинори? Звучи необично, но само докажува дека виното веќе со години станало глобален бизнис.

verrazzano-vineyard-and-the-castello-di-vicchiomaggio-chianti-florence-b62b76

Семејството Антинори со вино почнало да се занимава 1385 година. Пјеро Антинори е дваесет и петтиот сопственик на винаријата Антинори, а бизнисот ќе и’ го остави на една од своите три ќерки. Антинори во целост е приватна компанија со која управува и ги носи сите важни одлуки, од вложувања до одобрување на крајната мешавина за кое било од врвните вина, седумдесетгодишниот Марчезе, како што го нарекуваат неговите сонародници. За големината на бизнисот на Антинори говори фактот дека само во Тоскана поседува неколку имоти со повеќе илјадници хектари под винова лоза. На тоа треба да се додадат и винариите во Умбрија, Франчијакорта, Пуља и Пиемонт. Плантажа со виногради А на тоа треба да се додадат и двете големи американски инвестиции, калифорниската, каде од 2004-та се произведува cabernet Anticа, и вашингтонската, каде во соработка со Chateau St. Michelleom, Антинори го произведува Cal Solare. Тука е и уште една мала винарија во Чиле, па уште една во Унгарија… „ Нема да се шириме понатаму“, ни одговара Антинори на прашањето дали планира да купува лозја во Австралија, Нов Зеланд или Јужноафриканската Република. „Ова е сосем доволно, не мораме целосно да се глобализираме. Освен тоа, целта на некои од нашите странски вложувања не се само парите, туку процесот на учење. Сакам да видам како се произведуваат вината во другите земји и сакам да применам некои од тие искуства овде. Исто така, луѓето од нашите прекуморски винарии доаѓаат да учат во Тоскана…“ Со маркизот Антинори разговаравме во една голема, впечатлива ренесансна палата во самиот центар на Фиренца, која неговото семејство ја купила во 16-от век. Собата за состаноци на Антинори не е особено голема: маса за осуммина, ѕидови преполни со сите можни награди што винаријата ги добила во последниве триесетина години.

Tiganello најважното вино

Се чини дека најмногу плакети го споменуваат Tignanello, најважното вино на Антинори. Имено, Tignanello, иако формално гледајќи не бил првиот Супертосканец, го воспостави тој специфичен жанр кој осумдесеттите и деведесеттите години завладеа со светскиот пазар, на згрозеност на многу пуристи во Тоскана, но и во светот. Но денес е јасно дека победила визијата на Антинори. Во време кога, на почетокот од седумдесеттите, е создаден Tignanello, во Chianti, клучниот вински регион во Тоскана, виното кое ја носела ознаката Chianti не смеело да содржи меѓународни сорти, но во мешавината морало да има бело грозје. Антинори го креираше Tignanello како комбинација од главното месно грозје, sangiovese, и caberneta, па ја исфрли белата сорта. Поради тоа, Tignanello не смее да ја носи ознаката на Chianti, па пазарот го смисли називот SuperTuscan, како за Tignanello, така и за десетици други вина кои го следеа моделот на Антинори. Супертосканците наскоро станаа најпознати и најскапи тоскански вина, а Антинори во промоцијата на тосканските вина одигра подеднакво важна улога како и Анџело Гаја во промоцијата на пиемонтските: тие двајца и денес најверојатно се најпознатите италијански винари. Кога го прашавме Антинори зошто почнал да го произведува Tignanello, ни одговори без никаква мистификација: „Видете, во средината и крајот на шеесеттите бизнисот со Chianti одеше многу лошо. Поради тогашните слабости на Chianti, решивме да се обидеме со Tignanello, значи, со вино во кое додадовме и cabernet.

up_tignanello_packshot_3_big_2

Иако првите берби носеа ознаки Vino de tavola (трпезно вино), Tignanello веднаш постигна светски успех.“ Успехот на Tignanello, кој и денес спаѓа меѓу најдобро оценетите италијански вина, и’ овозможи огромен раст на винаријата Антинори: нетосканските винарии на Антинори главно се купени во последниве петнаесет години. Наспроти постигнувањето светска слава со Tignanello, и тоа што другите две негови елитни вина Solaia и Guado al Tasso, воопшто не се засноваат на sangiovese, туку на француски сорти, Антинори стои на ставот дека иднината на светската и тосканската винска индустрија се наоѓа во локалното грозје и идентитет: „Тоскана мора да остане земја на sangiovese. Тоа е грозјето кое на Тоскана и’ го дава идентитетот, кое го прави нејзиниот terroir. Во ред е доколку во Тоскана имате петнаесет или дваесет посто cabernet или merlot. Но поголемиот дел од земјата мора да остане под sangiovese. Истото важи и за останатите вински региони. Виното мора да се темели на локалните сорти, тие најдобро го изразуваат карактерот на извесното подрачје“, вели Антинори.
Замокот Montalcini
Неодамнешниот скандал со Brunellom de Montalcinom, едно од најважните тоскански и италијански вина, во кој власта го обвини и Антинори, се случи поради наводното кршење на законот за сорти од кои смее да се произведува извесно вино. Имено, за тосканското обвинителство Brunello de Montalcino (25% од виното со таа ознака се извезува во САД), допуштена е само сортата sangiovese. Меѓутоа, италијанските власти ги обвинија најголемите тоскански винарии, Antinori, Frescobaldi и Banfi, како и некои помали, дека во лозјата каде би требало да се одгледува само sangiovese, одгледувале и други видови грозје, па го запленија виното од бербата 2003 година.

home_hero6

Скандалот го наруши угледот на тосканските вина, а американската влада се закани дека ќе го забрани увозот на Brunello de Montalcino. Пјеро Антинори им допушти на властите да анализираат случаен примерок од неговото Brunello, кое се вика Pian della Vigne. На крајот од август таа година Антинори добија известување дека нивното вино е стопроцентно sangiovese. Pian della Vigne од 2003 г. е пуштен во продажба и распродаден за седум дена.

Пјеро Антинори ја претвори семејната винарија во сериозен глобален играч кој произведува милиони шишиња вино за светскиот пазар. Сличен пат имаше и американската куќа Mondavi под водство на Robertо Mondavi која, во меѓувреме, се распадна во драматични околности, за да стане дел од една поголема меѓународна компанија.
„Примерот на Мондави за нас е поучен. На нивниот пад влијаеја и лошите односи во семејството, ама и лошата деловна стратегија. Тие не знаеја да го одделат нивниот евтин бренд Woodbridge од врвните брендови, што ја загрози продажбата на нивните врвни вина и доведе до пад на Mondavi. Ние се решивме за сосем спротивна стратегија. Ги одвоивме нашите врвни од нашите масовни производи.“

Плантажи со виноРазговаравме и за иднината на винската индустрија. „Време е да се почне да се експериментира со одгледување грозје на поголеми надморски височини. Така може да се избегне ефектот на глобално затоплување. Така ќе избегнеме и сите вина да мирисаат и изгледаат слично. Садење лозја на поголеми надморски височини, каде температурните разлики се поголеми, е пат за одржување на локалните стилски значења на извесни вински подрачја. Се разбира, онаму каде такво нешто може да се направи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *