Тиквешките точакџии им се заблагодарија на своите помагатели и спонзори

Со доделување на благодарници на сите оние кои на било каков начин помогнаа првиот отворен фестивал „АлШар – Допри го сонцето“ да биде еден од најдобро организираните настани кои се случиле во Тиквешијата, здружението „Тиквешки точакџии“ и официјално го заокружи големиот проект кој привлече неколку илјади велосипедисти, авантурсти, планинари, рекреативци…
„Би сакал да искажам посебна благодарност до градоначалникот Александар Панов и општина Кавадарци кои уште во првиот момент ја препознаа нашата идеја и во целост ни излегоа во пресрет. Исто така, голема благодарност и за компанијата „Кожувчанка“ ДОО, посебно за директорот на компанијата, господинот Митко Јанчев кои ни дадоа безрезервна поддршка во целиот организациски дел“ – истакна меѓу другото во своето воведно обраќање пред бројните присутни претседателот на здружението „Тиквешки точакџии“ – Живко Гурев.

SONY DSC

Во продолжение од своето обраќање, Гурев од името на здружението „Тиквешки точакџии“ им додели благодарници и на компанијата „Слога Пром“, потоа „Инсиг осигурување“, „Инел Интернационал“, професор доктор Блажо Боев, мештаните на селото Мрежичко кои помагаа во целата организација, Душко Стефанов, Петар Ангелов – Диви, „Балкан Турист“ и началникот на полициската станица од општа надлежност Кавадарци, Борче Мустеников.

SONY DSC

Благодарници за несебичната поддршка и помош во организацијата и промоцијата на настанот добија и голем број на останати помагатели, компании, поединци и медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *