Петар Ангелов – Диви донираше комплет дресови на Сојузот за спорт и рекреацијата на инвалиди

Македонската ракометна легенда, Петар Ангелов – Диви донирајќи комплет дресови на Сојузот за спорт и рекреацијата на инвалиди Кавадарци уште еднаш ја покажа својата човечка големина.
Станува збор за 10 комплети кои ќе бидат официјални дресови на кавадаречкото здружение на своите натпревари.
„Добивме 10 комплети дресови од нашата ракометна легенда Петар Диви Ангелов за кои што сме многу благодарни, и кои што отсега ќе биде наша официјална опрема на сите натпревари“ – рече во својата изјава Николчо Делов, претседател на Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци.
„Имаме успешна соработка со бизнис секторот, градоначалникот, локалната самоуправа, со поединци кои како Ангелов знаат да ни помогнат кога најмногу ни треба, но за жал сеуште немаме своја канцеларија за средби, состаноци и архива, па ова нека биде еден апел до сите релевантни институции да ни помогнат да го решиме и овој проблем“ – дополнува Делов.

Среќен што успеа во намерата да им овозможи на своите сограѓани да им обезбеди дресови со кои ќе се натпреваруваат на своите натпревари, голманот на ракометниот клуб Вардар кратко изјави: „Секогаш ми е драго кога можам да помогнам некому. Имам голем број на пријатели кои и покрај инвалидитетот се одлични спортисти, и се надевам дека овие дресови ќе бидат дополнителна мотивација за нив да постигнат поголеми резултати. Исто така би сакал да му се заблагодарам и на македонскиот моден бренд „Тивес“ кој ја препозна оваа идеа и ни помогна во нејзината реализација“.

13432351_10209636724297960_606933424160420583_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *