Во рамки на традиционалната манифестација „Духовден-Праскобер“ која викендов се одржува во Росоман, во Тиквешкиот регион турски бизнисмени дојдоа да посетат неколку винарници.
Тие се заинтересирани за извозна тиквешко вино во Турција и во рамки на посетата ќе ги погледнат можностите за соработка.
Фикрет Чам кој е поранешен градоначалник на Јеникен, општина збратимена со Росоман ја предводи делегацијата каде при посетата на тиквешките винарии ќе воспостават соработка заради извоз на квалитетното тиквешко вино.