Колку е важен изборот на шишињата за вино?

Шишињата за вино имаат големо влијание на неговиот квалитет, а освен тоа можат да бидат од големо значење и за прометот на виното. Затоа е потребно при изборот на шишиња за полнење со вино да се посвети повеќе внимание. Тие треба да одговараат на одредени услови во однос на квалитетот на стаклото, големината и формата, како и бојата. Треба да бидат изработени од квалитетно стакло, кое не смее да реагира на самото вино, а исто така и на разни средства што служат за миење на шишињата, како што се неорганските киселини, сода и др средства за дезинфекција. Особено не смее да биде изразена алкалноста на стаклото, што би можела да реагира на киселините на виното и на тој начин да предизвика матење на виното. Квалитетот на стаклото најдобро може да се провери, ако во неколку шишиња од одделни серии на производството се наполнат со 1% раствор на винска киселина и потоа се затоплат. Доколку растворот се замати, може да се смета дека таквите шишиња се изработени од неквалитетно стакло и како такви не се погодни за употреба.
Стаклото треба да биде доволно отпорно на кршење при работа и нивното миење. Лесно се кршат шишиња изработени со ѕидови, кои имаат неизедначена дебелина, како и тие што имаат меурчиња. На кршење особено се подложни грлото и дното на шишето. Тоа често се случува при механизирано полнење. За лесно и успешно миење многу е важно внатрешните ѕидови да бидат глатки.
Постојат повеќе видови на шишиња и тоа најмногу зависи од типот на виното и неговиот квалитет.

ECO-Series-Wine-Bottles
Обичните трпезни вина се разлеваат во шишиња од по 1 литар зафатнина со цилиндрична форма, безбојни за белите вина, или посветло или потемно зелени за црвените. Се користат и шишиња од по 2 литри.
За розе вината се употребуваат безбојни шишиња.
За разлевање на квалитетните вина најчесто се во употреба купесто издолжените шишиња од по 0,700 литри, безбојни за белите вина и посветли и потемни зелено обоени за црвените.
За десертните вина се употребуваат шишиња од по 0,700 и 0,800 литри, цилиндрични со подолго грло.
За шампањските вина се употребуваат специјални дебели и јаки шишиња, што можат да издржат притисок над 7 атмосфери. Имаат купесто издолжена форма со зафатнина од 0,700 или 0,800 литри и најчесто се обоени светло зелени.
Постојат производители што користат шишиња со специјална форма, со што сакат да го истакнат квалитетот на некои специјални вина, за рекламни цели. Погледнете ги овие страшни шишиња!!!

bloodofgrapes photo_2124_0-17 photo_2124_0-13

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *