Во организација на здружението „Винотек“, овој викенд ќе се оддржи четврото издание на веќе традиционалната „Тиквешка винска регата 2016“.
Согласно програмата, пристигнувањето и сместувањето на учесниците кои годинава се очекува да ги има во голем број е закажано за во петок, 24 јуни, за потоа да следи и посета и дегустација на вина во винарската визба „Стефан“. Саботниот ден ќе започне со посета и дегустација на вина во винаријата „Стоби“ во Градско, по што во 10 часот и 30 минути ќе стартува годинашната регата по реката Вардар. На својот пат, учесниците ќе го посетат археолошкиот локалитет „Стоби“, а според програмата предвидено е и застанување по течението на реката Вардар кај Црвени брегови и потрага по скриеното богатство, за птоа да следи вечера и дегустација на вина во манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Неготино.
Неделата ќе започне со посета на винарската визба „Бовин“, за регатата да продолжи по текот на реката „Вардар“ и заврши во винарската визба „Еленови“ каде учесниците ќе ги очекува ручек и дегустација на вина.