Децата во Италија ќе учат за историјата на виното

Предлог закон за воведување нов предмет „историја на виното“ во основните училишта и во стручните средни училишта стигна во италијанскиот парламент.
Иницијативата е на сенатор од партијата Левица, екологија, слобода, Дарио Стефано (со акцент на вториот збор) кој е претседател на Парламентарниот комитет за имунитет и законитост на изборите, и кој се прочу во 2013 со одлуката да биде отстранет од Сенатот поранешниот премиер Силвио Берлускони, фактички ставајќи и крај на неговата политичка кариера.
– Сметам дека треба да се направат напори младите поколенија да ја познаваат нашата историја. Виното е несомнено еден од карактеристичните елементи на нашата култура. Некои се извадија од такт од мојот предлог, но во Франција таа практика постои веќе 30 години.
Целта ни е да внесуваме култура, а не да ги учиме децата да пијат , што исто така не би било лош начин затоа што е докажано дека познавањето води до одговорна употреба (на алкохолот). На историјата на виното не треба да се гледа како на обичен школски предмет, тврди сенаторот.
Тој посочува дека предлог законот е сосема на место, затоа што стремежот е да се отвори простор за негов развој со задолжително учество на министерствата за образование и на земјоделство.
Се предлага наставниците по новиот школски предмет да дојдат од срцето на хуманитарните науки – историја, литература, клутурологија – кои ќе добијат дополнитени квалификации за програмата чии трошоци се проценува дека на почетокот ќе изнесуват 12 милиони евра.
Учебниците ќе содржат теми поврзани со раѓањето и развојот на културата на виното, митологијата, улогата на виното во италијанската историја, географија на лозарството и методите на винарството.
Се предвидува обуката да биде во рамките на еден школски час неделно, колку сега е обемот на и часовите по музика, креативно творење и веронаука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *