Во Кавадарци се произведува вино и во училница

Марија Бошева е студент во средното училиште за стручно образование „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. Како и повеќето ученици во светот, Марија во текот на денот следи настава по историја, математика, биологија, хемија.
Но, за разлика од нејзините врсници, таа исто така учи енологија – уметност на подготовка на виното.
Училиштето има сопствени лозови насади во близината на Кавадарци, каде наставниците и учениците одгледуваат грозје. Кавадарци е познат по неговите лозови насади и високо квалитетно вино – кое се конзумира во земјата, но и во странство. Но, одржување на квалитетот не е лесно и за да останат конкурентни во регион на производители на вино, малите винарии во Кавадарци мора да се придржуваат на строгите стандарди кои може да го одржат или поправат квалитетот на виното кое го произведуваат.
Како најдобар начин за постигнување на оваа цел, локалните производители на вино решија да инвестираат во вештините на младите лица како Марија – новата генерација на производители на вино.

“Тоа ќе ми користи во животот, бидејќи на тој начин полесно ќе најдам работа – вели Марија.”
Како дел од тој напор, средното стручно училиште изгради нова лабораторија за енологија и педолошка лабораторија, овозможени преку грант од Проектот за развој на вештините и поддршка на иновациите поддржан од Светска банка. Проектот обезбедува финансиски стимулации за поттикнување на заедничии проекти помеѓу средните стручни училишта и компаниите кои имаат за цел обезбедување практична обука релевантна за идната работата на средношколците.
„Лабораторијата го олеснува образовниот процес и исто така да учиме за постигнувањата во науката кои се случуваат речиси на дневна основа. Покорисно е да се учи преку партична работа отколку само да се слуша и запомни лекцијата“, вели Марија. „Тоа ќе ми користи во животот, бидејќи на тој начин полесно ќе најдам работа“.

mk-skills-lab1-780
Како дел од проектот, училиштето соработува со Про Група ДОО Битола, приватна компанија, со која заедно формираа компанија наречена „Агролаб“. Преку оваа компанија, учениците во Кавадарци сега имаат пристап до квалитетна стручна пракса која им овозможува да се стекнат со практично знаење за целиот процес на подготовка на виното- од хемискиот состав на виното до биолошките процеси кои се практикуваат во подготовката на виното.
Учениците исто така имаат пристап до педолошката лабораторија, која им овозможува да ги анализираат примероците (на земја или грозје) кои ги земале. Од овој процес корист имаат и училиштето и целиот регион бидејќи овозможува подобрување на органската подготовка на виното согласно стандардите на Европската Унија. Лабораторијата не е добредојдена само за учениците во Кавадарци, туку и за наставниците кои конечно се во можност да ја користат новата опрема за нивните истражувања.

„Агролаб има големо значење за нашето училиште“, вели Наталија В’чкова, професор по биологија во средното стручно училиште Ѓорче Петров. „Ја олеснува практичната настава и им овозможува на учениците да го применат своето теоретско знаење во реалниот свет“.
„А исто така, нам ни овозможува да ги следиме најновите трендови и технологии во винската индустријата и да ги подобрат практичните вештини – овозможувајќи полесна транзицијата од училиште кон работа “.
Дополнитело на подобрувањеto на вештините и знаењето на учениците, малите и средни винарии исто така ќе имаат корист од лабораторијата. Наместо да користат поскапи лаборатории за тестирање во главниот град Скопје, тие сега може да побараат училиштето да ги врши тестирањата.
„Лабораторијата е комплетно опремена за тестирање вино и почва, и сега е место каде малите и средни винарии можaт да побараат совет за тоа како да го подобрат и прошират своето производство. Претходно, овие услуги беа многу скапи или едноставно недостапни“, вели Љупчо Груевски, директор на Про Група. „Проектот исто така се осврнува кон еколошкото производство, поврзано со извозот кон Европската Унија“.
Во училишната фирма и лабораторија, учениците може да го применат нивното теоретско знаење поврзано со производството на вино. Проектот во целина има за цел да ја подобри транспарентноста и да промовира одговорност во високото образование, подобри релевантноста на средното техничко стручно образование и да ги поддржи иновативните капацитети на Македонија и на тој начин, учениците како Марија Бошева се здобијат со вештини потребни за наоѓање работа по завршување на средното образование.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *