Иако ова не е прв пат да пишуваме на темата интересни факти за виното, сепак никогаш не е доста од занимливостите кои се поврзани со божествениот пијалок.
– Виното има калории еднакво колку и сокот од грозје
– Со стареењето, изворната боја на црвените вина станува посветла, а на белото потемна
– Кај квалитетно вино, потребни се најмалку 600 зрна одбрано грозје за едно шише од виното
– Во Франција, и кај другите развиени винарии, на рабовите од лозјата се садат рози за мирис и за превентива од бактерии и други причинители на заболувања на лозниците
– Фразата “Во виното е вистината” прв јавно ја употребил римскиот император Марко Плиниус Постариот, кој загинал при ерупцијата на вулкантот Везув по што е уништена Помпеја
– Калуѓерот Дон Перињон, по кого се крстени најсакпите шампањски вина не е човекот од кого е создадено шампањското, тоа постои два века пред него – ниту некогаш рекол – “јас ги пијам ѕвездите”… тоа е маркетиншка измислица.
– Кое вино е најстаро? Во Германија, во музејот Спејер, се чува шише вино старо 1600 години
– Земјата во најпознатиот вински регион Бургунд во Франција, на која се чуваат најубавите вински лозници, особено во регионот Clos de Vougeot се смета за толку скапа, што од работниците во лозјата се бара да ја симнат земјата од чевлите кога го напуштаат лозјето.
– Во светот има 8 милиони хектари под вински лозници, со околу 10.000 различни видови грозје. А иако во светот постојат околу 400 видови даб (храст) само 20 од нив се добри за изработка на вински буриња. Од целото дабово дрво, само 5% е добро за изработка на квалитетно винско буре. Просечната старост на француските дабови за буриња во најдобрите региони е околу 170 години.
– Вино, и во отворено шише, во фрижидер останува 10 пати подолго со добар квалитет отколку оставено на собна температура.
– Виното има толку многу хемиски состојки и соединенија со што се смета дека е посложено и од серумот на крвта.
– Се до 1970 година во францускиот регион Бордо се произведувале повеќе бели отколку црвнени вина, но денес е поинаку. Црвените вина се 84% од производството. Најскапите вина во Бордо се Шато Петрус кои се прават од 95% Мерло, а останатите 5% – се тајна на производителите. Денес во светот постојат 3.614 вински региони кои се одликуваат со различен состав, стилови на вино и вински сорти.