Белото вино е вино со жолтеникава боја. Овој вид на вино се произведува од необоено грозје, или со користење на сок од грозје со црвена лушпа. Бојата на белото вино може да потекнува од неколку вински сорти.
Белите вина се прават од гроздов сок или лушпи од грозје со зелена, златна или жолтеникава боја или само од сокот, но не и лушпите, од избрани сорти на црвено грозје. Вообичаените едносортни бели вина вклучуваат ризлинг, семијон, совињон бланк, пино гри и мосел.
Шампањот, пенливо бело вино, што потекнува од Франција, несомнено е најпознатото бело пенливо вино.
Зрелост на грозјето
Структурата на грозјето е многу важна, имајќи предвид дека овие параметри влијаат врз квалитетот на виното што ќе се добие од соодветното грозје. Зрелоста на грозјето зависи од стилот на вино што треба да се произведе, а грозјето вообичаено се бере на 11-13 Бомеови степени (што горе-долу е еквивалентно на процентот на алкохол, 11-13 vol%). Шардоне како сорта грозје има подобар квалитет кога е позрело, доколку е поважно да се добие покомплексен квалитет, наместо овошна арома и свежина.
Берба на грозјето
Најдобро е грозјето да се бере рано наутро, кога температурите се ниски, со цел да се сочува нивната свежина, овошната арома и вкусот. За време на бербата се додава сулфур диоксид во форма на калиум матабисулфит, заедно со одредена доза на аскорбинска киселина (витамин C), за да се спречи оксидација. Грозјето брзо потоа се носи во винаријата (не повеќе од половина час), каде се подложува на квантитативна и квалитативна инспекција, по што следува двоење на зрната од петелкита и гмечење.