Црвено вино е направено од црвени сорти грозје. Бојата кај црвените вина може да варира од интензивна виолетова, типична за младите вина, па се до цигла боја карактеристична за зрелите вина и речиси кафева кај постарите вина.
Бојата на внатрешноста на гроздовото зрно кај повеќето црвени сорти грозје е зелено-бела, додека црвената боја доаѓа од пигментите наречени антоцијани кои природно ги има во лушпата од грозјето. Постојат исклучоци кај тентуриер (teinturier) сортите, кои освен однадвор – имаат зрно со црвен внатрешен дел и даваат вина со темно-црвена боја.
Црвеното вино се добива од црвено и црно грозје. Лушпата на грозјето ја дава бојата, но исто така и танинот, друга состојка која е клучна за комплексната текстура на црвеното вино. Танинот придонесува за сувиот квалитет, кој дава силно чувство во устата. Колку е помладо толку е поинтензивна силината на голтката вино. Со стареењето, силината од танинот опаѓа и помага да се развијат други карактеристични ароми на црвеното вино. Ова е една од причините зошто постарото црвено вино е подобро од белото.
Најдобрите црвени вина во светот
Кога одите да купувате добро црвено вино ќе забележите дека тие се поделени според нивниот квалитет, а постојат навистина големи разлики во цените. Лидери се фините црвени вина кои се произведени од најдобрите сорти на грозје, и се чуваат во посебни услови минимум две години што придонесува кон нивниот оригинален вкус. Вина стари над пет години веќе стануваат дел од колекција на вина. Времето го заверува нивниот квалиетет, и ги прави да чинат богатство. Еве некои од светски најпознатите црвени вина:
1. Кабернет Совигњон:
Ова црвено вино е произведено од добро ушмукани лушпи на грозје кои содржат високо количество на танин. Па оттука и интензивно црвена боја, и јака арома.
2. Мерлот:
Ова вино содржи повисок процент на алхохол и вкус на црни цреши. Се карактеризира со богата и силна арома, и спаѓа во врвните сорти.
3.Небиоло:
Вино кое содржи висок процент на танин и киселина. Мора да созрее за да се пие. Најчесто се произведува во Пиемонт, регион во Италија.
4. Пинот Ноaр:
Велат дека ова е најоригинален вкус кај црвените вина. Причината е тоа што оваа сорта успева во краишта со чиста природа, со умерено количество шеќер, одгледувањето на сортата е сложено и бара многу работа.
Црвено вино за готвење
Стара навика во готвењето низ целиот свет е да се додаде вино како состојка во рецептите. Правилото, кога станува збор за користење на добро црвено вино во готвењето е „ако не вреди за пиење, тогаш не вреди ни за готвење”. Исто така кога одбираме вино за готвење треба да имаме на ум дека виното од областа од која потекнува совршено се вклопува со рецепт од истата. Француско вино со француска храна… Треба да запаметиме дека некои вина додаваат овошен, а други киселкаст вкус на јадењето.
Црвено вино за подобро здравје
Докажано е дека пиењето црвено вино во мали количини секојдневно придонесува кон одржување добра здавствената состојба, особено за подобрување на работата на срцето. Не било кое – туку сувото црвено вино. Најдобри црвени вина за здравјето се Кабарне Совињон, Сирах и Пинот Ноар.
Кога да се бере грозјето
Зрелоста на грозјето зависи од стилот на вино кое сакаме да го добиеме. Колку е позрело грозјето, толку виното ќе биде пополно, побогато со вкус и мирис и ќе содржи повеќе алкохол. Првиот чекор во производството на црвено вино, по неговото берење, се состои од физичка обработка на грозјето. Берењето е рачно или со машина, и потоа грозјето се носи во винаријата во најразлични садови, па оттаму започнува процесот на негово гмечење. По пристигање во винаријата, набраното грозје најчесто е мешавина од зрна или цели гроздови, дршки и листови. Присуството на петелките за време на ферментацијата придонесува за горчливиот вкус на виното, а целта на отстранување на петелките од грозјето е со цел да се одвои грозјето од петелките и листовите. Мешавината од зрна, лушпи и семе во оваа фаза е позната како гроздова каша (шира). Потоа гроздовата каша се пумпа во сад, вообичаено во иноксна или бетонска цистерна, или пак во дабов сад каде гроздовата каша ја започнува фазата на ферментација.