Пробајте варено вино со мандарина

Доцната есен и зимата потсетуваат на вкусно варено црвено вино. Подолу е уште една супер вкусна варијанта на .

1. Шеќерот го ставаме во кацерола и го загреваме, до топење. Треба да се карамелизира.
2. Врз карамелата прелеваме со вода. Оставете да се свари и стопи карамелата, а во неа уште на почетокот ги додаваме сите зачини. Тогаш ќе забележите прекрасен мирис во вашата кујна.
Ова е доста важен момент, бидејќи вареното вино не смее да зоврие, а зачините за да го достигнат максимумот, им треба топлина, па така со помош на водата се достигнува ефектот.
3. Во зовриена карамела, се додава виното и се остава да се стопли, но не да зоврие.
4. Во чаши ставаме по една резенка мандарина, а во виното на крај додаваме сок од мандарина и го тргаме од оган.

Овој топол пијалок ќе Ве стопли во овие ладни есенски ноќи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *