Oд 1700 година до денес чашите за вино се зголемиле за 7 пати

Некако постои тенденција да мислиме дека нашите предци пиеле многу. Има логика, земајќи предвид дека порано алкохолот бил побезбеден за пиење отколку водата.

Но според едно британско истражување, пиењето, особено пиењето вино, всушност е во пораст. А големината на чашата на виното, односно нејзиното зголемување е поврзано со овој пораст. Во 1700 година просечна чаша за вино можела да собере 66 милилитри течност. Чашите за вино од 2017 година, пак, можат да соберат 449 милилитри течност.

wine_good

Сè до 20 век во Британија повеќе се пиеле пиво и шпиритус. Британците започнале да пијат вино во 60-тите години кога станало тренди и лесно достапно во супермаркетите.

За да го проучат начинот на кој се менувала потрошувачката на вино, Тереса М.Марто, директор на одделот за истражување и однесување при Универзитетот „Кембриџ“, и нејзиниот тим измериле чаши за вино стари 300 години. Тие собрале податоци за вкупно 411 чаши од музејски колекции, производители на стакло и „Ибеј“. Со графиконско претставување на волуменот на чашата и датумот на кој била направена Марто забележала дека големината на чашата вино се зголемила низ вековите. Таа претпоставила дека причина за таа промена е данокот на стаклото во 1746 година, што објаснува зошто чашите од средината на 18 век биле мали. Данокот бил укинат еден век подоцна, во текот на индустриската револуција, така што производството на поголеми чаши станало полесно.

is-red-wine-good-for-seniors-722x406

Оттогаш големината на чашите за вино постепено почнала да расте до 90-тите години. Потоа, за брзо време чашите почнале да стануваат многу поголеми, достигнувајќи околу 300 милилитри до 2000 година. Марто го припишува ова на неколку фактори. Прво, вредноста на виното процветала во 90-тите. Поголемите чаши овозможувале виното да „дише“ и луѓето пошироко да ја отворат устата за добро вкусување и вдишување на мирисот. А поголемите чаши имале влијание врз тоа колку луѓето пиеле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *