Менаџерот на Бристол откри кој го испи „специјалното“ вино за Мурињо

Менаџерот на Бристол Сити, Ли Џонсон стана апсолутен хит во англиската спортска јавност во изминативе неколку дена, не само поради својата луда прослава на голот во 93-та минута кој го постигна неговиот тим, туку и поради фактот што имаше интересна покана до Жозе Мурињо во увертирата на четвртфиналето во Карабао купот.

Џонсон го покани Мурињо на една чаша вино кое специјално го купил за него (вредело 500 евра), но сепак самиот тој откри дека посакуваната средба не се случила, па скапото шише вино на крајот завршиле кај човекот кој бил најрадосен по сензационланиот триумф на второлигашот.

– Да бидам искрен, претставниците на Јунајтед многу брзо си заминаа од стадионот и немаше време за ништо. На крајот, шишето вино во најголем дел го испи тренерот на голманите кој си најде забава на полнење на својата чаша по големата победа, – низ смеа открва менаџерот на Бристол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *