Општина Кавадарци денеска ги повика земјоделците да пријават штети врз земјоделските култури направени како резултат на ниските температури во изминатите денови.
Од општината информираат дека се работи за штети настанати во периодот од 26 до 28 април годинава.
-Покрај барањето за настаната штета, пријавите треба да бидат дополнети со фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциона сметка и имотен лист како доказ за сопственост на имотот, соопштуваат од општината.
Пријавувањето на штетите може да се изврши секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот започнувајќи од денеска, заклучно со наредната среда, во просториите на општински центар за услуги во Општина Кавадарци.