…долго ќе се памети багажот на „голата жена“ пред подотворените усни на кавадаречката публика. Космополитскиот пристап и светот без граници на Гордана Винчиќ уште долго ќе биде табу на нашите простори, иако во своите дела таа само не потсетува дека сите доаѓаме чисти и голи на веков. Со својата фантазија, играта, возвишеното уметничко дело, силната порака и безвременската тема Винчиќ уште еднаш потсети колку е убаво да си присутен овде, сега, а притоа да си толлку слободен и сам. Нејзината уметничка компонента во делата, душата и енергијата се всушност компилација полна живот и естетика, а чистата мисла претставува орнаментика со која уште долго ќе се гордееме со Винчиќ и нејзината уметнос.
„Летај, летај птицо, затоа што само небото е граница за тебе… Македонија се гордее со Гордана Винчиќ, а јас сум среќен што ја познавам“…
Душко Стефанов – Боемот