Црвеното вино помеѓу 17 супер намирници за подобар секс

Од совети за подобар секс никогаш доста. Затоа, во оваа прилика ви пренесуваме листа на топ намирници за кои е докажано дека ќе ви помогнат да ја подобрите изведбата во креветот.
Црвено вино

На прво место секако е црвеното вино. Жените кои пијат црвено вино имаат поголемо либидо од оние кои преферираат друг алкохолен пијалок, покажало истражување во кое учествувале 800 жени на возраст помеѓу 18 и 50 години.
Млеко

„Рецептот на мајката природа за здрав сексуален живот се полномасно млеко, павлака и путер”, советува Кајла Т. Даниел, нутриционистка и авторка на книгата The Whole Soy Story: The Dark Side of America’s Favorite Health Food. Значи, консумирајте масти, но природни и заситени, доколку сакате организмот да произведува полови хормони.
Остриги

Еден од најпознатите афродизијаци се остригите. Богати се со цинк кој помага во создавањето на спермата и го зголемува либидото.
Аспарагус

Џени Џејмс, авторка на книгата Mood Again препорачува храна за природен хормонски баланс доколку сакате да го зголемите сексуалниот нагон. Во својата книга, цело поглавје има посветено на аспарагусот.
Црн дроб

Џигерот е полн со цинк, кој е потребен за одржување на оптималното ниво на хормоност тестостерон. Недостатокот на цинк спречува создавање на тестостерон.
Јајца

Не само што се симбол на плодноста, туку се и богати со витамините Б5 и Б6 кои помагаат во балансирањето на нивото на хормоните и борбара против стресот.
Кавијар

Кавијарот исто како и јајцата е богат со витамини Б5 и Б6 кои помагаат во балансирањето на хормоните.
Банани

Богати се со калиум, магнезиум, витамин Б, а сето ова е добро за машкото либидо.
Кафе

Кофеинот и тоа како може да помогне во расположението за секс.
Чоколадо

Јадењето чоколадо не прави среќни бидејќи чоколадото е вкусно. Но, чоколадото содржи и теобромин, горчлив алкалоид од какаото, сличен на кофеинот. Чоколадото поттикнува и производство на серотонин, кој прави да се чувствуваме добро.
Мускатно оревче

Според индиските научници, мускатното оревче е вистински афродизијак. Едноставно кажано, ги стимулира нервните клетки и ја подобрува циркулацијата на крвта, што поттикнува сексуална желба. Додатете малку во кафето и ете двојна доза за подобар секс.
Тартуфи

Тартуфите содржат состојка слична на машкиот полов хормон кај свињите. Освен што имаат ефект на афродизијак, тартуфите се богати со важни микронутриенти како фосфор, натриум, калиум, магнезиум, калциум…
Риба

Масната риба се поврзува со зголемување на сексуалната желба. Скушата, харингата, пастрмката, туната… се богати со Омега 3 масни киселини. Луѓето кои имаат проблем со ниското либидо треба да земаат рибино масло како додаток во исхраната.
Кикирики

Кикириките се богати со цинк, а докажано е дека цинкот го подобрува квалитетот на сперматозоидите, го зголемува нивниот број и подвижност.
Печено говедско

Говедското месо е исто така богато со цинк. Но, доколку јадете печено говедско за зголемување на сексуалната желба, бирајте месо со помал удел на масти.
Јагнешко

Освен говедското и џигерот, богато со цинк е и јагнешкото месо.
Авокадо

Авокадото е богато со витамин Б6 и калиум кои влијаат на сексуалниот нагон. Се зборува дека шпанските свештеници им го забранувале авокадото на своите верници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *