Започна со работа комисијата за проценка на штети од пролетните мразови

Почнувајќи од денеска со работа започна Општинската комисија за проценка на штетите кај земјоделските култури предизвикани од пролетните мразеви.
На повикот од градоначалникот и Општина Кавадарци, во предвидениот рок земјоделските производители доставија 79 барања за оштетени овошни и лозови насади. Најмногу пријави, 44 има од земјоделците чии површини се наоѓаат во атарот на селото Сопот. 22 барања се однесуваат на површини во атарот на селото Раец, а 6 барања се однесуваат за атарот на село Фариш. До Општината пристигнаа и барања за увид на оштетени насади и во атарите на селата Бегниште, Марена, Глишиќ и Шивец.
Почнувајќи од денеска Општинската Комисија во состав: Васко Керов-агроном експет-претседател, потоа Зоран Јованчев, Влатко Клинчаров и Слободан Ивановски сите членови на Советот, како и Ванчо Колевски претставник од Општината ќе бидат присутни на теренот. Тие на самото место ќе вршат проценка на штетите од пролетните мразеви на сите пријавени имоти.
Се очекува проценката да се одвива во наредните седум дена, по што комисијата ќе изготви елаборат кој потоа ќе го достави на увид и усвојување на Советот на Општина Кавадрци.
По завршувањето на оваа постапка општинатаусвоените проценки ќе ги достави до Министерството за Финансии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *