Кога шест млади бизнисмени го измислиле првото сино вино, не очекувале таков огромен интерес за нивниот производ…
Ви го претставуваме Gik, сино вино од местото Биерсо, на северозапад од Шпанија, кое се прави од црно и од бело грозје. Креацијата на првото сино вино траела две години, како резултат од соработката на Универзитетот Баска и Azti Tecnalia, отсек за истражување на храна од баскијската влада.
Базата на ова вино се прави од црно и од бело грозје, за потоа да му се додаде антоцијанин и индиго пигменти кои му даваат сина боја. Вкусот на ова вино е заблажен со засладувачи, а препорака е да се сервира изладено, со суши, начос, јадења со цацики сос и со чаден лосос.
Сега ова вино се произведува во разни винарии ширум Шпанија, а заради својата арома и интересната боја, интересот за него е голем.