Шато икем (chateau d’yquem) се смета за вино што секогаш одново се дегустира. За овие вина се напишани страници и страници, поезија, восхитена проза, сите со восхит, кој го создава средбата со ова исклучително вино. Го споредувале со ѕвезда, некогаш и со најголемата убавица на светот, Грета Гарбо. Икем се смета за краен дострел, идеал за винарството. Нешто невозможно што сепак се создало.
Шато икем е сосема чудна појава во светот на виното. Станува збор за еден имот од 133 хектари на југот од најпрочуената винска област Бордо. Тоа е бело ликерско вино, нетипично и за подобласта Сотерн, но неверојатно популарно во светот. Го сметаат за најдобро. И едно од најскапите. За шише икем се плаќа над 200 евра. За него се зборува како за винска легенда.
Велат дека, и покрај цената, тоа е едно до најнерентабилните лозја на светот. Се собираат само 600-800 литри од еден хектар. Доколку квалитетот на некоја берба не е задоволувачки – ова вино воопшто не се продава под тоа име. Се смета дека посебната положба што ја имаат лозјата на Икем со утрински магли, но сончеви попладневја, им овозможуваат на таканаречените благородни габи да се развијат на најдобар начин.
Освен тоа, лозјата на Икем се берат зрно по зрно, само оние што стигнале за тоа, другите чекаат, па така бербата се одвива неколку пати исклучиво рачно, како некоја скапоценост. На ова работат 150 квалификувани берачи. Она што малку ќе презрее не се бере. Вината од Шато Икем се карактеристични по значајното количество резидуални шеќери и ароми, кои ги создава благородната габа ботирис цинереа. Сé се случува за само неколку дена и од тоа зависи успешноста на бербата.
Имаат доста висока киселост, која помага да се избалансира шеќерот. Вината од Шато Икем се познати по својата долготрајност, спаѓаат во редот на оние што можат да се чуваат со десетлетија. Во перфекцијата се оди и дотаму што на пример добрите берби ќе се појават на пазарот една до две децении подоцна. Тоа значи дека овие вина ќе бидат добри и по еден век и повеќе. Просечниот не е помал од 60 години.
Во 20 век имало само десетина берби, кои се сметаат за исклучителни. Но затоа лошите берби никогаш нема да се произведат. Едно од најдобрите вина на Шато Икем е она насловено со „Ѕ“, не се прави секоја година од секоја берба, туку само од исклучителните.
Овој замок е познат веќе четири века, за него се бореле династии. Имотот бил во посед на благородничкото семејство Лир Салис од 1785 година, но од 1996 година групацијата “Луј Вуитон, Мое Шандон, Хенеси“ има учество од 64 проценти. Многумина ќе кажат дека се работи за најголемото вино на светот. Најмногу досега биле наполнети сто буриња, но тоа се случувало мошне ретко. Девизата на производителите е дека може да бидете на добивка единствено ако сте подготвени сé да загубите.
Со својата долговечност виното од Шато Икем има способност да се менува и да стануваа сé подобро. Со текот на годините аромите се збогатуваат, боите поминуваат од боја на зраците на изгрејсонце, во сламена, до златна. Затоа Шато Икем се смета за вино што секогаш одново се дегустира. За овие вина се напишани страници и страници поезија, восхитена проза, сите со восхит, кој го создава средбата со ова исклучително вино. Го споредувале со ѕвезда, некогаш и со најголемата убавица на светот, Грета Гарбо. Икем се смета за краен дострел, идеал за винарството. Нешто невозможно што сепак се создало.
Постаро од историјата
Има една перфектна анегдота за универзалноста на ова вино. Некаде кон крајот на 20 век маркизот Лир Салис, сопственикот на Икем, повикал друштво во чест на некогашниот премиер на Канада, Пјер Тридо. Друштвото пиело “икем“ од бербата од 1945 година. Маркизот рекол дека го прави тоа во чест на сојузниците што во 1045 година дошле да ја ослободат Европа од фашизмот, меѓу кои биле и Канаѓаните.
Кога завршила вечерата, еден од присутните му дошепнал на маркизот дека Канаѓаните и другите всушност дошле во 1944 година. Маркизот одговорил: “Знам, за жал, таа 1944 година, беше слаба берба“.
Коментарот е дека виното е сепак и постаро и од историјата.