Само две винарии не го исплатиле откупеното грозје

Само две винарски визби не ги исплатиле лозарите целосно за ланската реколта на винско грозје. Вкупниот долг е над 2 милиони евра соопштуват од МЗШВ. Од Државниот инспекторат за земјодлество посочуваат дека 92 отсто од ланскиот род им е платен на лозарите. Двете винарии почнале, но не ги доисплатиле производителите, во законскиот рок кој истече на 30ти минатиот месец.
Винариите откако ќе бидат избришани од Регистарот освен што ќе треба да ги исплатат лозарите, треба да платат 10 отсто од сумата во Буџетот на државата, за да можат повторно да бидат впишани.
Со најновите законски измени за 3 месеци се скрати рокот за исплата на откупеното грозје. За овогодинешната реколта откупувачите ќе треба да ги исплатат лозарите до крајот на јануари следната година.
Лани беа откупени околу 160 000 тони грозје. Според последните статистички податоци производството на грозје лани во споредба со 2014 е зголемено за речиси 66 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *