Во еден од претходните текстови пишувавме за тоа како да нарачате вино во ресторан. Но многу поважно е како да оцените дали мааната што ќе ја најдете заслужува да го одбиете виното. Секогаш постојат ситни маани во виното, кои можат да бидат и занемарливи. Меѓу нив се следниве:
Непријатен мирис од шишето: овој мирис доаѓа како концентрација на испарувањата во шишето. Најчесто тој не говори за дефект во виното и за кратко време по отворањето на шишето мирисот испарува.
Меурчиња: во белото вино се јавуваат ситни меурчиња. Тоа е јаглерод диоксид, кој може на виното да му даде и нота на вино со сода. Ако овие меурчиња немаат мирис на оцет, тогаш виното е во ред.
Темна чаша: последната чаша (во црвеното вино) е темна и во виното има тврди честици. Овие материи се безопасни иако понекогаш вкусот може да потсети на кал. Ова можело да се избегне ако тој што сипувал тоа го прави внимателно, пополека и оставил малку течност на дното од шишето.
Парчиња плута: ова не е пријатно за гледање и за допир со усните. Се работи најчесто за лошо отворено шише или слабоквалитетна плута, која се распаѓа.
Инаку спојот на парчиња плута и виното е сосема безопасен.
Кристали: кај белите вина се појавуваат кристалчиња. Безопасно е и нема влијанија. Ако знаете, доволно е да го процедите виното.