„Очајната домаќинка“ се разубавува во када со вино

Познатите холивудски убавици имаат доволно пари за да ги купат најскапите кремови на светот и да го почувствуваат ефектот на најскапите козметички третмани, но понекогаш убавината ја пронаоѓаат во евтини третмани со состојки кои се достапни за секого. Малата тајна за разубавување на очајната домаќинка Тери Хачер е всушност виното.
Очајната домаќинка обожава луксузни бањи со црвено вино. „Ако не успеете да го допиете виното, наместо да го фрлите, претурете го во вашата када“ – препорачува вечно насмеаната Хачер. Виното на природен начин ја омекнува кожата и служи како нежен ексфолијант. Можеби Тери црпела инспирација од Клеопатра, која повремено го користела црвеното вино за миење на лицето.

5d8083c3010b5672fe9dec0f124756cf
Како да го користите? Во када полна со топла вода, налејте малку црвено вино. Запалете неколку ароматизирани свеќи и… го знаете останатото.

1848458

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *