Со „Тера Македоника” „Езимит“ одбележа 25 години постоење

Македонската винарија „Езимит” која годинава одбележува 25 години од постоењето, од неодамна на пазарот пласираше ново вино под името „Тера македоника”.
Винаријата е еден од најголемите извозници на вино во Македонија, што го прави брендот препознатлив во светот.„Резултатите сами по себе носат и обврска за нивно одржување и надминување. Во претходните 25 години бевме посветени на создавање високи вредности по светски критериуми, а во голема конкурентна средина предизвик е да се одржи квалитетот по кој нè препознаваат“ – изјави првиот човек на компанијата Зоранчо Митровски. За добрите резултати на работењето на „Езимит“ се заслужни сите вклучени во процесите на работење, од вработените до деловните партнери“ – дополни Митровски.
Винаријата „Езимит” користи врвна технологија во производството. Од мала семејна компанија, основана во 1991 година, денеска обединува повеќе компании од областа на земјоделството, преработка, финансии, градежништво и инвестиции. Според раководството, јубилејните 25 години успешно дејствување се засновани на квалитетна стратегија, јасна визија, на навремени решенија врз основа на следење на потребите на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *