Виното е перфектен избор и кога температурите се и над 40 степен целзиусов. Бројот на освежителни вински коктели е огромен, но меѓу оние кои што дефинитивно ќе Ве освојат и ќе бидат Ваш летен избор е коктелот со розе вино.
Состојки
Розе вино
10 листови нане
Вива сок од јаболко
Дробен мраз
Начин на подготовка
Наполнете висока чаша со дробен мраз. Ставете ги листовите нане и сокот од јаболко. Промешајте, а потоа додадете го виното.