Сок од дуња и „железно“ вино за здравје во есен

Голема штета е што во нашите домаќинства дуњата мошне ретко се преработува во сок. Колку е лековит сокот зборува и фактот дека од него, се прави најдобриот природен лек против анемијата и слабокрвноста.

Плодот содржи големо количество на мошне важни органски киселини (околу 800 мг), чиешто количество се зголемува со преработка во бистар сок (преку 1.000 мг). Нивната улога во организмот е повеќекратна: го потпомагаат варењето и го прават најдобриот природен регулатор на киселинскиот состав на крвта (пХ-вредност). Калиумот во сокот помага за подобро мокрење. Сокот е и мошне добро средство за неутрализирање и елиминирање на штетните материи што настануваат во текот на метаболизмот (ендотоксини), како и на оние што доаѓаат однадвор. Со редовна употреба (по една чаша 3 пати на ден), сокот дејствува против бронхијалните и градните воспаленија. Варениот сок (час време, но течноста да не врие) со исто количество на шеќер (или мед) е одличен лек против градните и болестите на грлото.

dzunji

Бистар сок од дуњи

За бистар сок од дуњи, добиен од соковник, потребни се: 5 кг. зрели дуњи, 600 гр шеќер, сок од еден лимон, малку корички од цимет. Измиените дуњи се рендаат крупно, се ставаат во чист емајлиран сад, се посипуваат со шеќерот и сокот од лимон и се оставаат да отстојат на ладно најмалку два часа.

Дуњите и нешто корки од цимет се ставаат во влошката на соковникот и се оставаат на умерен оган. Топлиот сок се собира во провриени, топли шишиња, што се затвораат со целофан и се покриваат се додека не се олади сокот.

Лековитоста се зголемува ако дуњите се комбинираат со јаболки, круши, грозје, сливи или виноградинарски праски.

 

“Железно” вино

Виното против малокрвност (анемија) се подготвува така што 100 гр суви листови од капина и 100 гр суви листови од коприва се преливаат со два литри вино и се оставаат да отстојат 24 часа.

Виното се вари 5 минути (од моментот кога ќе зоврие) и се процедува. Во топлата течност се додаваат 200 гр цветен мед. Се пие подолго време, трипати дневно, по ракиска чашка (пред јадење).

prirodni-lek-za-srce

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *