Двајца историчари трвдат дека славниот пехар од кој Исус пиел вино на Тајната Вечера е изложен во базиликата на Св. Исидоро во Леон, северна Шпанија.
Наводно, во 2011 година биле откриени записи кои тврдат дека пехарот бил пренесен од Ерусалим во Каиро, Египет. Записите потоа велат дека египќаните потоа му го подариле пехарот на еден емир од тогашната муслиманска Шпанија бидејќи им помогнал да надминат еден период на глад. Конечно, во 11тиот век пристигнала кај кралот Фернандо како подарок.
Истражувања на научници покажале дека станува збор за пехарот „Dona Urraca“, направен од агат и со едно исчезнато парче, исто како и светиот грал.
Но, научниците се уште не можат да утврдат што се случувало во периодот од 400 години пред преместувањето на пехарот од Ерусалим во Каиро. Како и да е, тоа не е пречка за љубопитните посетители кои ја преплавија базиликата Св. Исидоро за да фрлат еден поглед на тоа што може да е светиот грал.