Ако не можете да им одолеете на слатките, овој рецепт ќе ги задоволи и најпребирливите гурмани.
Нема сомнеж, во мода е диеталната и здравата храна. А кога се во прашање десертите, хммм..Ајде да заборавиме сепак на чоколадата и да го дегустираме специјалитетот кој во последно време се форсира во добрите ресторани. За оваа сезона – бомбици, ама направени од јаболка.
Од состојки потребни се: 1 килограм јаболка, 2 јајца, 200 грама шеќер, 1 кесичка цимет, рендано морско оревче, 100 грама лебни трошки, 100 грама путер, 300 милилитри бело вино, 1-2 јаболка, неколку каранфилчиња.
Подготовка: Излупете ги јаболката, исечкајте ги на коцки и пропржете ги на 50 грама путер. Додадете ги лебните трошки, јајцата, 100 грама шеќер, циметот и ренданото морско оревче. Промешајте и тргнете го садот од оган. Од смесата формирајте бомбици, и кратко пропжете ги на преостанатиот путер.
Во друг сад ставете ги да зовријат белото вино и исечканите 1-2 јаболка. Додадете го преостанатиот шеќер и каранфилчиња. Со топлиот прелив прелијте ги бомбиците.
Одлично се „бакнуваат“ со чаша шампањ.