Додека светот се подготвува за прославата на Божуле Нуво, која трационално се оддржува секој трет четврток од ноември, дознајте повеќе за феноменот на Новото вино.
Божуле е дел од прочуената винска област Бургундија која има пет подрегиони. Но оваа подобласт е толку прочуена и посебна што едноставно се изборила за своја посебност. Божоле виното е посебно. И не само тоа…
Сосема е географско прашњето за областа Божоле како дел од Бургундија. Зашто виното од областа Божоле е едно до најпознатите во светот. И во самата Франција пандан на нашето “ајде на кафе” е “одиме не чаша божоле”. Божоле е поим за лесно вино, лесно за пиење, лесно за препознавање. Се препорачува на оние кои не сакаат црвено вино. Се смета дека преку божолето сигурно ќе го засакаат.
Областа е релативно мала-десет до петнаесет километри во широчина и педесеттина во должина и се наоѓа над градот Лион во централна Франција. Овој регион не само што е вински центар, тоа е гастрономскиот центар на Франција.
Божолето се прави само од една сорта – гаме, која никаде не успева така како таму. Се користи и посебна метода на винификација со оставањето на цели зрна во ферментацијата што остава незаборавни овошни вкусови.
Освен најдобрите вина божолето уште по Втората светска војна се служело директно од буре само како наливно вино по кафеаните.
Дури кон крајот на пеесеттите почнало ставањето во шишиња, но без идентитет и посебност. Еден човек по име Дибеф, трговец со вино, во шеесеттите се досетува дека треба да се стекне со идентитет и го промовира празникот на новото вино. Почнал со 2 милиони шишиња за да се стаса до 90.
Винските снобови го негираат новото божоле и велат дека е нерегуларно затоа што се коси со природниот тек на созревањето кој треба да биде подолг.
Но и да била маркетиншка финта, таа успеала одлично, зашто Новото божоле, виното кое стасува во тертиот четврток на ноември станал еден од најголемите вински настани во светот. Манифестацијата, празнувањето на новото вино старо само шест недели е глобален вински настан кој се одбележува низ цела Франција но исто толку и во Јапонија и на сите страни на светот. Дента кога се објавува појавата на новото божоле ретко да има настан во Франција кој би го засенил. За новото божоле се дискутира, тоа се оценува, се предвува и за другите вина.
На новото божоле отпаѓа повеќе од половината производаство на областа. А тоа не е мало, отприлика македонското, но во родна година.
Некој години дури и деведесет милиони шишиња од новото Божоле одат низ светот и тоа највеќе со авиони. Во Јапонија се извезуваат и по 7-8 милиони шишиња, Американците го пијат како задолжителен пијалок за Денот на Благодарноста кој се поклопува со излегувањето на новото божоле. Овој француски извоз е толкав што кога би се згуснал во една недела би ја ангажирал целата светска карго флота! Ако се помножи со цената на виното кое е некаде околу 10 долари по шише знаете за колкав бизнис станува збор.
Во Божоле нашле начин како да го промовираат своето вино. Но тоа и не е целата приказна зашто во областа се произведуваат уште вина кои за разлика од новото можат да бидат и мошне респектибилни вина кои созреваат нормално и можат да се пијат и после повеќе години.