Словенија и Хрватска во спор за вино

Покрај многуте соседски спорови кои ги имаат помеѓу себе, словенците и хрватите се „скараа“ и за виното „Теран“.

Виното „Теран“ со ознака за извоз е признато како „словенечко вино“ и на тоа хрватската страна немала приговор во моментот кога тоа било регистрирано.
По битката меѓу Словенија и Хрватска за „крањскиот колбас“, војната меѓу двете земји сега продолжува поради виното.

Имено, познатото словенечко вино „Теран“, сеге е причина за битка меѓу двете држави, што можеби ќе заврши пред судот во Стразбур.

Ниту словенечкиот министер за земјоделство Дејан Жидан, ниту пак неговиот хрватски колаега Тихомир Јаковина, не сметаат дека тоа е политака, туку велат дека станува збор за правно прашање и неговото решение се чека од Европската комисија.

Виното „Теран“ со назнака за извоз е признато како „словенечко вино“ и на тоа хрватската страна немала приговор во моментот кога тоа било регистрирано.

tumblr_nngs1ywddj1utrmioo1_12801-1100x620

Тоа прашање во меѓувреме не било покриено ни со хрватскиот пристапен договор и затоа во последно време како најоптимална опција за решавање на овој спор се напоменува Судот во Стразбур.

Притоа надежта на Хрватска дека тој спор ќе биде решен во нејзина полза е сосема неизвесна, а што се однесува до Словенија, нивниот министер Жидан може да биде мирен затоа што, како што наведуваат медиумите, Словенците во овој случај ја имаат наклонетоста на Европската комисија.

Европски извори напоменуваат дека како задоволително решение би било само она на кое ќе се согласи Словенија, а тоа подразбира дека Хрватите наместо „Теран“ треба да користат некое друго име со сличен назив.

Како олеснителна околност за Хрватска и за нејзиниот министер Јаковина, медиумите го наведуваат тоа што со членството во Унијата, нејзиниот маневарски простор бил стеснет со тоа што старата одредба, не предвидувала можност на приговорот, а со новата одредба која го регулира ова прашање, автоматски биле признати дури и заштитените брендови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *