Македонските вина стануваат препознатлив бренд

Винарниците каде е развиен концептот на фаворизирање на квалитетот пред квантитетот и континуираните и обемни инвестиции во технологија, иновации и знаење успеаја да произведат квалитетни вина кои имаат потенцијал да освојат многу пазари. Според енолозите, Македонија станува препознатлива како винска земја и се почесто присутна на многу познати вински фестивали.
Македонските вина стануваат препознатлив бренд на странските пазари, добро спакувани и со добар квалитет. Според енолозите, Македонија станува препознатлива како винска земја и се почесто присутна на многу познати вински фестивали. Сето ова се рефлектира и врз извозот на македонското вино кое станува се побарано на пазарите во Европа.
Македонија има лозови насади од познатите сорти винско грозје, но и лозови насади со автохтони сорти на грозје, какви што се “вранец” од црвените, “жилавка” и “темјаника” од белите и од розе “станушината”. Винарството во Македонија има богат и разнообразен потенцијал, а земјата има долга и значајна историја на производство на вино. Токму затоа, енолозите оценуваат дека странските винарници тешко се одлучуваат да дојдат во Македонија бидејки имаат голема конкуренција од квалитетни вина и винарници кои се светски познати.

wine_good
Ова позитивно се одразува и на извозното салдо на винарниците. Оние кои минатата година извезоа рекордно количество на вино на странските пазари имаат многу амбициозни планови и за оваа година. Од Винарската визба “Сковин” потврдуваат дека со оглед на добрата реколта годинава очекуваат поголема побарувачка и продажба на домашното вино на странските пазари. Од оваа винарска визба велат дека токму поради поквалитетната берба, годинава очекуваат поголема продажба на вино, бидејќи веќе имаат нови пазари на кои извезуваат. Од винарницата “Далвина”, која е една од најмодерните нови винарници во Македонија велат дека речиси половина од вкупното производство на винарницата се извезува флаширано главно во Германија и Канада. Винарниците, главно го потврдуваат фактот дека полека се менува и начинот на работа, виното од заштитени сорти им станува приоритет. Задоволни се од поддршката од државата, особено во делот на флаширано вино каде што следат субвенции за извоз, како и за учество на саемски манифестации.
Винарниците каде што е развиен концептот на фаворизирање на квалитетот пред квантитетот и континуираните и обемни инвестиции во технологија, иновации и знаење кои го извлекуваат најдоброто од грозјето во сите сегменти на производството. Тие успеаја да произведат квалитетни вина кои имаат потенцијал да освојат многу нови медали, признанија и највисоки оценки на реномирани светски вински натпревари и да го повторат и одржат успехот од минатите години, оценуваат од здружението “Вина од Македонија”.
Македонските винарници најмногу вино извезуваат во Германија и Србија, додека од земјите надвор од Европа најмногу се извезува во Кина, Канада, САД и во Јапонија. Според официјалните статистички податоци, околу 10 милиони литри вино останува на домашен пазар додека 30 милиони литри вино се извезува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *