Главниот град на Србија одбројува до почетокот на тринаесетото издание на „Belgrade Wine Salon“ кое годинава ќе се оддржи на 9 и 10 декември.
Салонот за вино е концептуално и програмски фокусиран кон пасионираните љубители на виното и гастрономијата кои сакаат да ги збогатат своите знаења, да патуваат и откриваат нови вина и нови поднебја, како и да секогаш бидат отворени кон новите стилови, прави и идеи.
Во рамките на главната програма ќе бидат претставени околу 500 вина, од кои 300 на главната сцена, 100 на малата сцена и сто на пратечката програма. Така наречената мала сцена е пред се наменета за алтернативните правци и трендови, како што се биодинамичните и органските вина.
Винскиот салон исто така ќе опфати и повеќе од 50 дополнителни настани, дегустации и работилници, и тоа во рамките на пет главни сегменти:
– Мастер клас дегустации
– Едукативни дегустации за нови генерации
– Премиерни дегустации на нови вина на пазарот
– Специјални дегустации за професионални купувачи
– Ексклузивни дегустации за приватни купувачи
Винскиот салон годинава ќе се оддржи во ексклузивниот хотел „Hyatt Regency“.