Ако се сметате себеси на љубител на вино, фан на серијата „Game of Thrones“ и хедонист, ќе ве израдува фактот што наскоро се пушта во продажба официјално „Game of Thrones“ вино, креирано од HBO и Vintage Wine Estates.
Едицијата „Game of Thrones“ ќе вклучи шишиња од 750 ml од сорите Chardonnay, Cabernet Sauvignon и една црвена мешавина. Виното ќе биде пуштено во продажба на пролет 2017, кога ќе се продава по цена од 20-30 американски долари.
„Поради важната улога што виното ја игра во Game of Thrones и нашиот претходен успех со пијалаци, официјално вино за серијата изгледа како природен додаток за нашите фанови“, велат од HBO.