Винаријата „Попова кула“ го прослави раѓањето на младото вино

Една седмица подоцна од одбележувањето на „Божуле нуво“, винаријата „Попова Кула“ од Демир Капија за прв пат ги отвори бочвите со вино од годинашната реколта, дозволувајќи им на бројни гости и љубители на виното да уживаат во младите вина.
Прославата за раѓањето на младото вино од реколтата 2016 започна во саботата, 26 ноември точно на пладне, а целиот настан освен уживање во младото вино кое и годинава е со врвен квалитет, донесе и забава со интересни вински игри и музика во живо.
Покрај ова, присутните имаа и ексклузивна можност да ја почуствуваат и вкусната храна која во комбинација со врвните вина долги години се главна причина што илјадници туристи и намерници кои ја посетуваат винаријата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *