Ресторанот на винаријата „Стоби“ е најуспешен ресторан за 2017

Ресторанот „Стоби“ на истиоимената винарија кој се наоѓа во Градско е добитиник на наградата „најуспешен ресторан за 2017 година“ што ја доделува Министерството за економија по повод Светскиот ден на туризмот.
Луксузниот ресторан „Стоби“, кој функционира во рамките на винаријата, веќе неколку години претставува центар на гастрономската култура во најпознатиот вински регион во Македонија. Квалитетниот производ со конкурентна цена, креирањето одлична винска приказна, врвната услуга, иновативниот концепт на туристичка понуда, како и успешниот тим составен од експерти во различни области, се само дел од причините поради кои ресторанот „Стоби“ годинава го доби ова врвно признание.

vinarijata-stobi-otvori-vinski-restoran-za-posetiteli-73402
„Значајното признание што го добивме е резултат на огромниот труд што го вложува целиот тим на ресторанот „Стоби“. Континуирано внимаваме на сите детали и напорно работиме за да понудиме уште подобри услуги, врвен производ и уште повеќе да го подигнеме нивото на квалитет. Крајната цел е на нашите гости да им понудиме максимално уживање поради кое вреди да се вратат повторно – велат од менаџерскиот тим на ресторанот „Стоби“.
Покрај ресторанот „Стоби“, признание од Министерството за економија по повод Светскиот ден на туризмот доби и хотелот „Аура“ во Охрид за најуспешен хотел за 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *