Француските винари ja имаа eдна од најслабите берби, откако во текот на пролетта мраз ги зафати лозјата во Бордо, грозјето во Шампањ беше уништено по летните бури, а сушата влијаеше врз лозјата во југоисточниот дел на земјата, коментира „Bloomberg“.
Производството на вино ќе опадне за 19% до 36,9 милиони хектолитри во оваа година, што е еквивалентно на околу 4,9 милиони шишиња, прогнозира министерството за земјоделство. Ова ќе биде најслабата продукција на вино од најмалку 1957-ма година наваму, година слична на тековната во која пролетниот мраз ги уништиле пупките на лозите, покажуваат податоците на Министерството и Еуростат.
„Намалувањето на производството главно се должи на големиот пролетен мраз“, објави Министерството. „Долгата суша во југозападна Франција дополнително го погоди производството“.
Франција и Италија обично се натпреваруваат за најголемиот светски производител на вино, а времето е клучен фактор. Италијанските лозја имаат претрпено помалку штета од мраз и суша во оваа година, а прогнозите за обемот на вино се намалија за 24% до 47,2 милиони хектолитри, изјави здружението на винарите во земјата во август.
Бордо беше меѓу најлошо погодените од мраз региони во Франција на крајот на април. Производството на вино ќе опадне за 39% до 3,55 милиони хектолитри, покажува министерството за земјоделство. Сепак, производството е подобро отколку што се очекуваше во август, кога очекувањата беа намалени за 47%.
Во Шампањ, каде пролетната слана не беше толку остара како во 2016-та година, производството на локалните вина ќе се намали за 9% до 1,8 милиони хектолитри. За споредба, прогнозата во август беше за раст, но летните бури нанесоа многу штета на грозјето, поради што винарите ги сортираат плодовите.
Во регионот Бургундија-Божоле, домот на најскапите вина во светот, се очекува производството на вино да се зголеми за 6% до 2,08 милиони хектолитри. Собирањето на грозјето заврши во септември, објави Министерството.