Што открива за Вас виното кое го пиете?

Една британска студија, во која учествувале 2.000 испитаници, открива дека љубителите на црно вино себеси најчесто се опишуваат како сигурни, опуштени, силни и интелигентни луѓе, додека луѓето што пијат бело вино се практични, паметни и тивки.
Бело вино

Љубителите на бело вино се весели и опуштени лица, кои своето омилено вино најчесто го пијат во домашна атмосфера. Не тежнеат кон големи успеси во кариерата бидејќи главно се задоволни од своите постигнувања. Обично летуваат во својата земја. Дури 85 отсто од нив тврдат дека се задоволни со својот соло-статус.
Црно вино

Љубителите на црно вино се побогати, пообразовани и задоволни во животот. Почесто се определуваат за брак од љубителите на другите видови вино. Од нив 81 отсто се задоволни од моменталната работа, а 65 отсто сè уште сакаат да напредуваат во кариерата.
Розе

Интересно е што љубителите на ова вино ги посетуваат социјалните мрежи, како „Фејсбук“, почесто од другите луѓе, а во просек имаат 146 пријатели. Од нив 55 отсто имаат само диплома од средно, па заработуваат помалку од љубителите на црно и на бело вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *