Вино за убава и здрава кожа

Предностите на виното за убавината откриени се одамна, а според зборовите на пластичниот хирург Ричард Багстер, овој алкохолен пијалак богат со антиоксиданси можe да направи чуда за вашата кожа, секако, ако го консумирате умерено.
Против стареење

Виното содржи голема количина на антиоксиданси полифеноли кои дејствуваат силно против слободените радикали, па имаат ефект против стареење.

Акни

Полифенол ресвератрол го намалува воспалението на кожата, па виното може да ви помогне во “контролата” на акни, и пред да дојде до воспаление.

Хидратација

Ако имате сува кожа, виното со висока концентрација на алфа хидроксилни киселини е корисно за хидратација на кожата.

Беспрекорен тен

Црното вино можете да го употребите како тоник, кое ќе ја направи вашата кожа мазна и мека.

Пилинг

Филџан бело вино измешајте го со филџан трици и оставете да отстои четири часа. Потоа смесата можете да ја употребите како маска за лице, која ќе делува како одличен пилинг.

Заштита од УВ зраците

Новите истражувања покажаа дека белото вино, доколку го нанесеме на кожата не штити од штетните УВ зраци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *