Помалку или повеќе познати факти за виното (дел 1)

За виното се потонати многу вистини и митови, тајни и мистерии, што го прават уште повеличествено. Во наредните неколку денови ќе објавиме помалку или повеќе познати факти за виното кои веруваме дека ќе направат да го засакате уште повеќе.

1.Виното како чувар на здравјето
Како што е општо познато, црвеното вино има исклучително позитивно влијание на здравјето и во голема мера го намалува ризикот од срцев удар. Дополнително, истражувањата покажуваат дека мажите и жените кои умерено конзумираат вино имаат значително помали шанси за развивање на дијабетес тип 2.

vareno-vino
2. Виното извор на антиоксиданси
За го внесеш истото количество на антиоксиданси кои што може да се најдат во виното, треба да испиеш 20 чаши јаболков сок или 7 чаши сок од портокал.

prirodni-lek-za-srce
3. Жените се вообичаено помалку толерантни од мажите кога станува збор за алкохолот.
Оваа намалена толерантност на алкохол кај жените нема никаква врска со телесната тежина и градба. Доколку маж и жена со иста градба испијат исто количество на вино, концентрацијата на алкохол во крвта кај жената ќе биде поголема, поради недостатокот на потребниот ензим алкохолот многу побрзо се апсорбира во крвта на жените. Оттаму и побрзо ја губат координацијата и умот.

Но, од друга страна пак, жените се подобри дегустатори на вино, затоа што имаат способност да идентификуваат поширок спектар на мириси, особено во репродуктивниот период.

wine2
4. Верувал или не, навистина постои страв од вино кој се вика енофобија (oenophobia)!
Енофобијата е ментално нарушување кога човек има ирационален, парализирачки страв од вино, кој се манифестира со тремор, респираторни потешкотии или гадење. Доколку ти не се соочуваш со ваков проблем, слободно продолжи совесно да уживаш во овој божествен пијалок.

cabernet-sauvignon

5. Таткото на медицината Хипократ (460-370 г.п.н.е) го користел виното како лек.
Хипократ го користел виното како средство за смалување на телесната температура и како антисептик, често давајќи им од овој пијалак на немоќните пациенти за олеснување на болките.

wine-health-ppcorn

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *