Помалку или повеќе познати факти за виното – дел 2

Во виното се потонати многу вистини и митови, тајни и мистерии, што го прават уште повеличествено. Во наредните неколку денови ќе објавиме помалку или повеќе познати факти за виното кои веруваме дека ќе направат да го засакате уште повеќе.
1. Виното е откриено пред околу 6.000 години на Блискиот Исток
Најраните остатоци од вино се откриени во Иран кои датираат од неолиотот (8500-4000 п.н.е). Најстарите докази за одгледување на лозја пронајдени се во Грузија. Се претпоставува дека овој пијалок првобитно настанал ферментирајќи по грешка.

figure_1_tomb_nakht_davies1917_platexxvi

2. Во една од првите збирки на закони-Кодексот на Хамураби има и одредби за виното
Хамурабиевиот законик (1760 г.п.н.е.) содржи одредби според кои лажните продавачи на вино се казнуваат со смрт.

vino-fin

3. За виното кое што го конзумираме денес треба да им се заблагодариме на монасите.
Во Средниот век токму монасите се оние кои ја сочувале и развиле уметноста на производството на вино. Благодарение на нивното истражување и неуморни напори денес ја имаме разработената техника за производство на вино. Шампањот „Дом Перињон“ го има добиено името по монахот Dom Pierre Pérignon (1638-1715) чии што техники и пракса и ден денес се користат.

vinata-n

4. Во Јапонија се продава чоколадо со вино.
„Kit Kat Wine“ содржи 0,12 % алкохол- француско црвено вино во прав во филот, што му дава виолетова нијанса на белото чоколадо. Штета што истото е недостапно кај нас.

eden(44)

5. Бесплатни вински фонтани
Вљубениците во виното можат да уживаат во бесплатната винска фонтана во Абруцо, Италија.

Големото буре кое постојано се дополнува ја прави оваа фонтана привлечно место за починка на секој добронамерен минувач. Бројот на туристи и аџии е огромен, затоа што фонтанта е поставена на патот кој води кон катедралата во која се чуваат моштите на Светиот апостол Тома. Оваа фонтана е инспирирана од една слична фонтана која се вика Камино де Сантијаго во Шпанија.

img_3131

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *