Грција има проблем и со „македонското вино“

На вчерашниот брифинг со новинари во Атина шефот на грчката дипломатија Коѕиас објаснил дека еден од проблемите во спорот е и како ќе се именуваат македонските производи со географско потекло.
Како пример го навел “македонското вино” кое што им прави проблем на грчките производители.
Предходно грчки извори во повеќе наврати тврдеа дека сите македонски производи на меѓународните пазари ќе треба да го користат новото договорено име.
Со тоа македонското вино може да стане вино од Горна, Северна или Вардарска Македонија.
Грција би сакала своето вино да го нарекува вино од грчкиот регион Македонија што не е можно за Македонија која што нема посебен регион со ова име и затоа ќе треба да пишува ма пример “Made in North Macedonia”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *